Абазовиќ: Подготвен сум да бидам премиер!

Медиумите во Црна Гора јавуваат дека најверојатно утре тамошниот претседател Мило Ѓукановиќ ќе има консултации со пратеничките групи во Собранието и се очекува мандатот за состав на нова Влада да му го понуди на лидерот на УРА – Дритан Абазовиќ.

„Никогаш не сум избегал од никаква одговорност.Секој што води малцинска влада мора да биде жртва… Ако некој треба да се жртвува, јас сум тука. Подготвен сум“. Ова го изјави Абазовиќ за „Дојче веле“.

Тој вели дека дел од партиите размислуваат дали да влезат во Владата или не.

„Очекувам некаде кон крајот на неделата или почетокот на следната недела претседателот да има консултации со можност некому да му додели мандат, да се обиде да формира Влада, ако како решение се појави нешто одржливо, мислам можеме релативно брзо да го завршиме. Ако не, тогаш во одреден момент треба да се распишат нови парламентарни избори и да се одржат заедно кога ќе бидат локалните“ – вели Абазовиќ.