Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи како дел од најавената широка консултација која започна веднаш да се реализира по добивањето на европскиот предлог остварија средба со дипломатскиот кор во земјава. На средбата присуствуваа амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер, в.д амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Џулија Смит, в.д амбасадорот на Италија, Марио Де Роса, како и заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф.
Премиерот Ковачевски и министерот Османи ги информираа амбасадорите за текот на широките консултациите кои Владата ги води со медиуми, експертски групи, политички аналитичари, коалициони партнери, опозицијата и останати партнери и соработници.
Ковачевски и Османи ги изнесоа позициите дека предлогот претставува солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја.