Македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Кирил Петков на заедничка прес конференција денеска во Софија, рекоа дека се разговарало за политичките прашања меѓу двете земји, со акцент на темите кои ги опфаќаат ново-формираните работни групи.
„Ако сме кажале дека ќе има авионска линија меѓу Скопје и Софија, критериум за успешност е ако следната недела имаме оператори кои од Софија ќе дојдат во Скопје или обрано, каде ќе разговараат за екононсмски најодржливата авионска линија која би се воспоставила и би почнала со комерцијални летови од 1-ви март“ – рече Ковачевски.
Тој смета дека успех ќе биде меѓу двете држави ако во 2023 година, 13-те километри пат до граничниот премин „Клепало“ бидат реализирани и да се отвори тој граничен премин.
„Во однос на политичките прашања, критериум за успешност е доколку низ разговор на сите овие комисии и низ еден политички дијалог меѓу владите и другите чинители според уредувањата на државите постигнеме договор и во догледен период да имаме прва меѓувладина конференција за РСМ со ЕУ“ – рече Ковачевски.