Во Чешка црн рекорд – 30.350 позитивни на Ковид за едно деноноќие

Здравствените власти во Чешка регистрираа рекордно дневно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот во последните 24 часа.

Извештајот наведува дека се регистрирани 30.350 случаи на инфекција со коронавирус, поради ширењето на сојот Омикрон, во земја со 10,7 милиони жители.

Министерот за здравство изјави дека земјата се подготвува за ново ненадејно зголемување на бројот на заразени со омикрон и дека епидемијата би можела да го достигне својот врв до крајот на месецот.