Ковачевски и Заев – гости на прославата на јубилејот на ДУИ

Актуелниот и поранешниот премиер на земјава – Димитар Ковачевски и Зоран Заев беа гости на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во скопски Чаир на одржувањето на главната манифестација по повод одбележувањето на 20-годишниот јубилеј од постоењето на партијата.

Манифестацијата беше организирана во паркот во Чаир, а обраќањето на претседателот на ДУИ – Али Ахмети го следеа освен Ковачевски и Заев, и вицепремиерите Фатмир Битиќи и Славица Грковска.

Имаше и владини министри, градоначалници, претставници на Исламската верска заедница.

ДУИ деновиве со неколку активности го одбележува јубилејот.