Генчовска: Огнот е израз на говор на омраза

Министерката за надворешни работи на Бугарија – Теодора Генчовска во интервју за софиската телевизија „бТВ“ вели се заблагодари за брзата реакција на противпожарната бригада, на полицијата и на дежурниот обвинител во Битола. Таа изрази очекување дека и судството во Македонија ќе си ја заврши работата.

Шефицата на бугарската дипломатија рече дека на записите на една од безбедносните камери можела да види маж кој безбедно пристигнал со велосипед, извадил туба со запалива течност и мирно ја истурил течноста пред вратата од куќата.

Според неа, од овој пожар сторителот се здобил со одредени повреди и може да побара лекарска помош. Мажот носел маска, а според нејзината изјава, ова дело е извршено ладнокрвно и намерно.

Сепак, повтори дека инцидентот нема да влијае на односите меѓу Бугарија и Македонија.

„Во моментов односите се нормално конструктивни и се одвива нормален работен дијалог. Двата тима работат напорно многу часови, продолжуваме да се обидуваме да најдеме решение за отворените прашања во спроведувањето на Договорот за добрососедство. Пожарот е израз на говор на омраза. Се очекува Македонија и нејзината Влада да имаат кохерентна сеопфатна политика за справување со говорот на омраза. Оптимисти сме за резултатите – кога и како е прашање на подготвеност на колегите од Владата на Република Македонија да ги спроведат овие договори“ – рече Генчовска.