Македонскиот премиер Димитар Ковачевски на вечерашната прес-концереција по повод пристигнувањето на модифицираниот предлог од Франција за кревање на ветото од Бугарија рече дека македонските забелешки се влезени во новиот предлог.
„Во однос на ставовите во Бугарија, знаете дека имаа процес кој го поминаа изминатиот период. Со оглед дека имаше драфт идеји на кои ние имавме забелешки – таков процес не можеше да се отпочне. Кажав дека нашите забелешки се содржани во новиот предлог кој се наоѓа на анализа. Можеме да правиме консултации кај нас. Во однос на историските прашања – нашиот став е да не бидат дел од преговарачката рамка. Тоа е содржано во овој предлог“ – кажа Ковачевски.
Ковачевски најави транспарентен процес.
„Официјалните ставови ќе бидат соопштени откако предлогот ќе ги помине сите филтри односно институции, претседателот на државата, Собранието, опозицијата и севкупната јавност. Имаме план и стратегија која дава резултати. Апелирам до медиумите и политичарите, да се воздржиме од шпекулации. Процесот ќе биде транспарентен, ќе има релевантни детали, па ќе се донесе финална одлука. Одлуката ќе ја донесеме заеднички, согласно стратешките интереси на земјата и сите граѓани“ – рече Ковачевски.