„Владината коалиција е стабилна и подготвена да одговори на сите предизвици како и успешно да ја реализира владината програма“. Ова на својот ФБ профил вчера го напиша новиот лидер на СДСМ – Димитар Ковачевски.
Тој потенцираше дека изборите, парламентарни, во 2024 година се во фокусот.
„Следните парламентарни избори очекувано е да бидат редовни и да се одржат во 2024 година, а до тогаш Владата ќе биде посветена да испорача економски резултати и да се справи со пандемиската и со енергетската криза. Во фокус на новата Влада ќе биде наоѓањето решенија за предизвиците во односите со Бугарија и почеток на преговорите за членство во Европската Унија. На денешната средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети и премиерот Зоран Заев разговаравме на овие и други актуелни теми поврзани со работењето на владата во следниот период“ – напиша Ковачевски.