Клуге: Омикрон може да стави крај на пандемијата на Ковид во Европа

„Омикрон го означи почетокот на новата фаза во пандемијата на Ковид-19, а можеби и нејзиниот крај во Европа“ рече шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организација – Ханс Клуге.

„Може да се заклучи дека регионот се приближува кон своевидна последна фаза на пандемијата“, изјави вчера Клуге.

Тој додава дека до март 60 отсто од Европејците би можеле да бидат заразени со омикрон.

Кога сегашниот бран на инфекција со омикрон во Европа ќе стивне ќе се воспостави глобален имунитет кој ќе трае со недели и месеци, благодарение на вакцината и имунитетот што луѓето го стекнале преку зараза и намалената сезоналност, објаснува Клуге.

„Очекуваме период на мир, а потоа на крајот на годината Ковид-19 би можел да се врати, но не мора да биде пандемија“ – додаде Клуге.