Китановиќ ја избриша објавата за Ратко Младиќ, му се извини на Мицкоски и ја нападна опозицијата

Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците во објава на социјалните мрежи, Далибор Китановиќ, ја избриша скандалозната објава со која го глорифицираше починатиот воен злосторник Ратко Младиќ и му се извини на премиерот Христијан Мицкоски. Во објава на социјалните мрежи за реакциите по неговиот пост тој ја обвини опозицијата.

Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците во објава на социјалните мрежи, Далибор Китановиќ, ја избриша скандалозната објава со која го глорифицираше починатиот воен злосторник Ратко Младиќ и му се извини на премиерот Христијан Мицкоски. Во објава на социјалните мрежи за реакциите по неговиот пост тој ја обвини опозицијата.

„Искрено му се извинувам на претседателот на Владата, господинот Христијан Мицкоски, и на членовите на Владата, кои поради мојата објава беа непотребно вовлечени во политичка пресметка и изложени на напади за нешто за кое не сносат никаква одговорност“, напиша Китановиќ.

Тој вели дека скандалозната објава веднаш ја избршал веднаш и оти е подготвен да поднесе одговорност за секој негов збор, но, немада ја понесе одговорноста „за туѓите манипулации“ со неговите зборови.

„Нема да прифатам моето повлекување на објавата да биде претворено во признание за нешто што не сум го направил. Нема да дозволам мојата човечка пристојност да биде протолкувана како слабост. И нема да дозволам преку мене да се навредуваат ниту мојот народ, ниту мојата партија. Но на политичките мршојадци, на дежурните морални судии и на оние што туѓата болка ја претвораат во политичка муниција им порачувам: Не тргувајте со жртвите. Не градете политички кариери врз гробови. Не користете ја трагедијата на еден народ за да го навредувате другиот. И не очекувајте дека под притисок на организирана хајка ќе молчам додека преку моето име се плука по мојот народ и моите политички убедувања“, напиша Китановиќ.

„Тој додава: „Особено е лицемерно лекции за морал, мир и соживот денес да делат луѓе и политички структури чие сопствено политичко минато е оптоварено со тешки настани од поновата македонска историја, како и оние што со политички одлуки овозможувале тие прашања да останат без целосна институционална разрешница. Уште помалку прифаќам медиумски центри блиски до таквите структури да организираат јавни судења и однапред да изрекуваат пресуди“.

Китановиќ минатата недела на социјалните мрежи објави фотокомпозиција, на која Ратко Младиќ е прикажан заедно со личности од српската историја, меѓу кои и четничкиот војвода Дража Михајловиќ, а со големи букви беше напишано: „Генерали на небеската војска“.