Сопственикот на „Никоб“ – Кирил Лазаров во „Утрински брифинг“ рече дека „лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица – Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се деструктувни личности кои вршат блокада на законските измени за здравствена заштита“.
„И Апасиев и Мицкоски се деструктвни личности, тие само кочат, ништо не предлагаат. Морам да ги искоментирам затоа што ќе излезе дека се во право. Ние пред две години решивме да инвестираме во приватна здравствена заштита во сектор кој беше запоставен, а тоа е примарната здравствена заштита, домашната посета е одамна укината, а брзата помош не може да постигне. Ние го направивме тоа како што треба, иако работиме во Скопје сепак услугата на транспорт на болни се дава на територија на државата. Почнавме со 10 возила, па набавивме уште пет. Инвестицијата е сериозна, околу 2 милиони евра, се вработија 180 доктори, спасивме многу животи за време на пандемијата. Очигледно дека ова им пречи на опозицијата поради некои нивни интереси“ вели Лазаров.
Тој вели дека пречки за работа на брзата помош на „Никоб“ нема ни сега според закон, но измените би биле добредојдени да се овозможи тимовите да излезат на терен наместо како сега да седат во ординациите.
Инаку, фирмата за обезбедување на имот, лица и патролно обезбедување на дистрибутивната мрежа на територија на Македонија за неколку години заработила 35 милиони евра од 15 тендери.
Податоците покажуваат дела од државата „Никоб“ за 3 години заработила 35 милиони евра преку тендери и тоа во ЕВН Македонија, Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, Градот Скопје, Општината Ѓорче Петров, Општината Аеродром, Агенцијата за катастар на недвижности, ЈЗУ Градската општа болница 8-ми септември, како Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.