Кастриот Реџепи: Сега за земјата е најважно смирување, стабилизација, фокусирање на проблемите на нашиот народ
„Со чиста совест, сигурен дека нема поголема вредност од тоа да избереш својата земја да ја носиш на патот на слободата, демократијата и заедништвото, на патот на НАТО и ЕУ. Во интерес на својата земја самоволно се засолнив на денот на гласање доверба на Владата со цел земјата да не замине по патот, кој е спротивен на стратешките насоки“. Ова денеска на прес-конференција во Собранието го изјави претеникот Кастриот Реџепи. Тој им честиташе на граѓаните тоа што земјата уште еднаш го избрала вистинскиот, западниот пат.
„За да нема било какви сомнежи, јас Кастриот Реџепи, сојузник на своите граѓани, и на Албанците и на Македонците и на сите други кои имаат поглед напред, стратешки сојузник на САД, во интерес на мојата земја Република Северна Македонија и во интерес на сопствениот народ, самоволно и одлучно се засолнив на денот на гласањето на доверба на владата, со цел да не дозволам на бранот на резултатите од локалните избори земјата да ни отиде по правец кој е спротивен на моите идеолошки убедувања и спротивен од она што е стратешка насока, која ни ја задале граѓаните“ рече Кастриот Реџепи.
Тој смета дека не е лесно тоа што има суштински разлики во ставовите со сопартијците.
„Кога твоите сојузници од Вашингтон и Брисел ти велат дека Северна Македонија има неповторлива. Верувам дека се можни мостови меѓу нас, различните од демократскиот блок и јас ќе се обидам да бидам еден од тие мостови. Сега за земјата е најважно смирување, стабилизација, фокусирање на решавање на проблемите на нашиот народ, на пандемијата, на енергетската криза и секако почеток на преговорите со ЕУ. Не нови избори, не нов застој, не нови поделби, туку стабилно мнозинство и брза реконструкција на владата и многу, многу работа“ – изјави Реџепи.