Кастекс не е веќе премиер на Франција, Борн се најавува како негова наследничка
Претседателот на Франција – Емануел Макрон ја прифатил оставката на премиерот Жан Катекс, соопштија денеска Елисејската палата, а медиумите пишуваат дека нов премиер ќе биде актуелната министерка за труд – Елизабет Борн.
Оставката на Кастекс ја овозможува долгоочекуваната реконструкција на Владата по претседателските избори во април, на кои Емануел Макрон го доби својот втор мандат.
Сојузниците на францускиот претседател соопштуваат дека најверојатно тој ќе назначи жена за нов премиер, која ќе прва откако Едит Кресон на кратко имаше оваа функција додека на почетокот на 90-тите години на минатиот век претседател на Франција беше Франсоа Митеран.