Карл Нехамер ќе биде новиот австриски канцелар
Конзервативната Австриска народна партија одлучи Карл Нехамер (49) да биде новиот австриски канцелар. Информациите од Австрија денеска се дека ова била едногласна одлука на највисоките партиски тела.
Нехамер, кој е поранешен министер за внатрешни работи на новата позиција го наследува Александар Шаленберг, кој поднесе оставка по само 2 месеци на функцијата.
Промената на раководството ја поттикна екс-канцеларот Себастијан Курц, кој најави комплетно повлекување од политиката.