Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е освојувач на последниот Гренд слем турнир за 2022 година, Отвореното првенство на САД.
Во финалето на теренот во Њујорк, Алкараз со 3:1 во сетови го победи Каспер Руд од Норвешка и тоа со 6:4, 2:6, 7:6, 6:3, во меч кој траеше 3 часа и 22 минути.
До првиот Гренд слем турнир во кариерата Алкараз стигна со само 19 години и 4 месеци, па тој е најмладиот тенисер кој се искачил на врвот на АТП листата, надминувајќи го рекордот на Лејтон Хјуит кој беше на првото место на АТП со 20 години и 9 месеци во 2001 година.
Младиот Шпанец на патот до финалето во Њујорк одигра три меча во кои играше по пет сета, меѓу кои беше и вториот најдолг натпревар во историјата на САД Опен.