Од денеска во Италија нови рестрикции поврзани со епидемијата на коронавирусот. Сите невакцинирани лица над 50 години ќе платат казна од 100 евра.
Луѓето кои влегуваат во Италија од други земји на ЕУ кои обезбедуваат доказ за целосна вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, од денеска нема да бидат обврзани да имаат негативен тест како предуслов за влез во земјата.
Мерката останува во сила до 15 јуни и се однесува на сите жители на возраст над 50 години, вклучително и странски државјани.
Од 15 февруари и оваа возрасна група ќе треба да достави доказ за вакцинација или прележан Ковид-19 на работа и ќе биде принудена да работи од далечина доколку не е во можност да го стори тоа.
Оние кои ќе ги прекршат мерките се соочуваат со казни од 600 до 1.500 евра.
Во Италија, која има околу 60 милиони жители, речиси 81 отсто од вкупното население е вакцинирано против Ковид-19.