Екс-премиерката на Украина – Јулија Тимошенко денеска на својот Инстаграм профил објави фотографија на која држи автоматско оружје во рацете. Тимошенко е во друштво со уште петмина мажи, сите се вооружени.
Пораката покрај фотографијата е: „Украина ќе пружи отпор. Руски воени бродови еб.те се!“
Тимошенко во Украина ја сметаа за хероината на Портокаловата револуција и важеше за една од најистакнатите политички личности во земјата.
Таа е екс-премиерка на Украина и тоа во два наврати. Прв пат беше избрана во 2005 година, а вторпат во декември 2007 година.