Ериксен пак игра фудбал – се врати на терен по 259 дена од срцевиот удар

Данскиот фудбалски интернационалец Кристијан Ериксен го одигра првиот официјален натпревар по колабирањето на Европското првенство 2021 година, на мечот Данска – Финска на кој доживеа срцев удар на терен.

Ериксен денеска влезе во игра во 52. минута на натпреварот помеѓу неговиот нов клуб, премиерлигашот Брентфорд против Њукасл. Беше поздравен со стоечки овации од сите навивачи на трибините.

Данецот првпат е на теренот, по 259 дена откако доживеа срцев удар.

„Ако го исклучиме резултатот, јас сум среќен човек. Со оглед на сето она низ кое поминав, ова е фантастично чувство. Брентфорд добро се грижи за мене. Тука се сите, моето семејство, родителите, децата, но и неколку доктори кои работат со мене. Она што го поминаа е уште потешко од она што јас го доживеав“ – изјави Ериксен.

Брентфорд загуби со 2-0.