„Донесов одлука да не учествувам во новата Владата со новиот мандатар“. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука – Мила Царовска.
„Во изминатите пет години заедно со мојот тим навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и во силата на жените и младите“ – рече Царовска.
Претходно, повлекување од министерската функција во новиот состав на Владата најави и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.