Владата во Бугарија ги формираше работните групи за соработка со Северна Македонија, кои треба да го интензивираат процесот на приближување и да го отворат патот за решавање на спорот меѓу двете земји, во рамки на новиот пристап и динамика, кои беа најавени од премиерите на двете земји – Димитар Ковачевски и Кирил Петков.
Формирани се четирите меѓуресорски групи за соработка со Северна Македонија.
Премиерите најавуваа пет работни групи, петтата е историската, но двете влади не формираа засебна работна група, па според она што го кажаа Ковачевски и Петков на прес-конференцијата во Скопје, оваа област ја покрива Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања.
Премиерот Петков побарал копретседавачите на секоја од работните групи да ротираат при претседавањето со состаноците на соодветната група, согласно темите, кои ќе бидат поставени на дневен ред.