Итна помош од 3 милијарди долари за Украина

Се подготвува пакет помош од 3 милијарди американски долари за воено разурната Украина, кој ќе вклучи најмалку 350 милиони американски долари непосредни средства, објавија западните медиуми. Парите ќе ги обезбеди Светска банка

„Првата транша од помошта „ќе биде поднесена до Одборот за одобрување оваа недела, по што ќе следуваат 200 милиони американски долари за брза поддршка на здравството и образованието“ – изјави претседателот на Светска банка – Дејвид Малпас во заедничка изјава со директорката на ММФ – Кристалина Георгиева.

Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во изминатите денови ветија дека ќе обезбедат дополнителна поддршка за Украина и брзо започнаа со реализирање на ветувањето.