Историчарот Љоровски: Гоце Делчев се борел за ослободување на духот на населението

„Гоце бил космополитски патриот, сите народи се бореле за заедничко добро. Ако го гледаме делувањето на Делчев, тој не е основач на организацијата, но е главен идеолог. Се борел за ослободување на духот на населението, без оглед на верската и национална припадност“ вели историчарот Димитар Љоровски, член на Македонско-бугарската историска комисија во најновото издание на Трилинг.

Љоровски смета дека „меѓу двата народи страстите ги заоструваат политичките елити. Не секогаш бугарската држава имала вакви тенденции. Кога политичките елити ќе создадат услови за соработка, тоа се случува. Но кога ја заоструваат реториката, тоа се пренесува и меѓу двете нации“.

„Од овој аспект не се гледа руско мешање. Македонија и цел Балкан од секогаш бил судир на интереси на големите сили“ вели Љоровски.

Тој смета дека „како историчари треба да се согледа целата слика. Мора да се разбере дека создавањето на една нација има процес“.