
Иран му нареди да го убие Трамп – oсуден e на 27 и пол години затвор
Пакистанскиот државјанин, 48-годишниот Асиф Мерчант, е осуден на 27 и пол години затвор поради учество во заговор за убиство на американскиот претседател Доналд Трамп и други истакнати американски политичари, по налог на Иран, соопшти Министерството за правда на САД.
Пакистанскиот државјанин, 48-годишниот Асиф Мерчант, е осуден на 27 и пол години затвор поради учество во заговор за убиство на американскиот претседател Доналд Трамп и други истакнати американски политичари, по налог на Иран, соопшти Министерството за правда на САД.
„Федералниот суд во Бруклин го осуди пакистанскиот државјанин Асиф Мерчант на 330 месеци затвор за обид за терористички чин што ги преминува државните граници, како и за убиство по нарачка“, објави Министерството.
Обвинителството наведе дека Мерчант се обидел да регрутира луѓе во САД во 2020 година со цел да извршат напад врз Трамп – кој тогаш беше во својот прв претседателски мандат – како одмазда за убиството на иранскиот воен командант Касем Сулејмани.
Понатаму, во 2024 година, покрај планирањето напад врз Трамп (кој во тоа време беше републикански претседателски кандидат), Мерчант планирал и атентати врз тогашниот американски претседател Џо Бајден и Ники Хејли.
За време на судењето, кое започна уште во февруари – неколку дена пред САД, со помош на Израел, да започнат напади врз Иран – Мерчант во своето сведочење изјави дека се приклучил на заговорот предводен од Иранската револуционерна гарда, но тврдеше дека бил принуден на тоа за да го заштити своето семејство во Техеран.
Полицијата го спречила планот пред да дојде до напад, бидејќи лицето кое Мерчант го контактирал во април 2024 година, со цел да го вклучи во заговорот, ги пријавило неговите активности и станало доверлив извор.
Официјален Техеран негираше дека планирал напад врз Трамп и други американски функционери