Инфлацијата во Албанија – 3,7 отсто, највисока во последните 11 години
Минатиот месец, растот на цените во Албанија е незапирлив, а инфлацијата достигна стапка од 3,7 проценти – највисоко ниво во последните 11 години.
„Инфлацијата расте, пред сè поради цените на енергетските производи кои достигнаа рекордни нивоа, додека нафтата и бензинот достигнаа цена од 185 односно 187 леки, речиси 20 отсто поскапи во однос на декември претходната година. Најголем раст на цената е забележана кај гасот и тоа за 70 отсто и сега се продава по 94 лека за литар“ – пишува „Топ чанел“.
По транспортот, инфлацијата е поттикната и од цените на храната. Зголемени се цените на сите прехранбени производи, а за тоа трговците обвинуваат за високите увозни цени, но и за неповолното домашно производство.
Високата инфлација може да се претвори во сериозен проблем за стопанството во услови кога куповната моќ на граѓаните значително опаѓа, додека парите во банкарските депозити продолжуваат да ја губат вредноста.