Интерпол ја бара Данкa Илиќ (2): Меѓународната полициска организација објави потрага по исчезнатото девојче

Меѓународната полициска организација Интерпол распиша жолта потерница за исчезнување на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ.

На веб-страницата на организацијата се наведува дека девојчето може да се препознае по брадавица на левото уво, како и бемка со неправилна форма и малку темна боја на левата надлактица.

Покрај тоа, се наведува дека девојчето е високо околу 85 сантиметри, има кафена коса и кафени очи.

Жолта потерница се издава во случај на потрага по исчезнати лица или со цел да се идентификува лице кое не може да се легитимира.

Претходно, виенската полиција покрена истрага за исчезнувањето на двегодишната Данка, а откако српски државјанин кој живее во Виена пријавил дека синоќа на автобуска станица во центарот на австриската престолнина видел девојче во придружба на две жени кое наводно личело на Данка, која исчезна во вторникот во Србија, објави Клајн Цајтунг.

Граѓанинот на Србија стапил во контакт со српските надлежни органи, кои се обратиле до виенската полиција со барање за истрага, пишува порталот.

„Сведокот дал исказ и дал видео што сам го направил. Човекот дознал за случајот преку социјалните мрежи. Точните околности, особено дали се работи за исчезнато девојче, се предмет на истрага“, изјавил портпаролот на виенската полиција, Маркус Дитрих.

Двегодишната Данка Илиќ од Бор исчезна во средата, а оттогаш српската полиција трага по неа.

Амбасадата на Србија во Австрија на социјалната мрежа „Х“ објави апел до граѓаните доколку на територијата на Австрија го препознаат исчезнатото девојче Данка Илиќ веднаш да ја известат Амбасадата, австриската полиција или Министерството за внатрешни работи на Србија.
Во оваа насока, Амбасадата, која е достапна за сите информации на телефон +436677704145, воведе повик.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно денеска изјави дека се појавила нова трага, околу три часа по полноќ.

„Луѓето работеа цела ноќ и вечерва кога се појави нова трага, околу три и пол ме информираа и мене. До пет и пол веќе сите се на своите места, работат, проверуваат се. Навистина ја ценам нивната посветеност, колку луѓето се борат за прекрасен живот и секој ден, без разлика дали е ноќ, сабота, недела или кој било друг ден.И се надевам дека на крајот ќе успеат да го расветлат дури и тој случај“, изјави Вучиќ.

Двегодишната Данка Илиќ исчезнала во вторникот околу 13 часот и 45 минути, а во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, јакна во маслинесто зелена боја, а косата и била врзана во опавче.

Девојчето има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри. Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.