Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчева во однос на реконструкцијата во владата истакна дека тоа го смета за наметната реторика по оставката на Милевски и останува да одчучат на тие што сметаат дека треба да има реконструкција. Смета дека ВМРО-ДПМНЕ сака СДСМ да е пред колабирање, но тоа нема да се случи.
- СДСМ е партија која е на власта и треба да ги решава најгорчливите прашања без разлика дали одговорите и се допаѓаат на опозицијата. од нив не видовме ниту една државничка политика, ниту еден државнички потег. Три дена, јас бев на седници и таму бевме омаловажувани и тоа е сликата на партијата. Фатени се во теснец дека партијата им се распаѓа или се двоумат дали се проевропски орјентирани. Не бираат сретства како да дојдат на власт и по цена на дестабилизација на државата. – вели Костадиновска Стојчева.
Министерката вели дека уставните промени за почеток на прегопворите верува дека и во опозициските редови ќе преовладува разумот и ќе разберат дека скринингот ќе покаже дека половина работа е сработена.
- Тие не се гласани од себе, туку од граѓаните кои сакаат да ја видат државата во ЕУ. Ние како влада имаме обврска да одлучуваме што е најдобро за граѓаните. Во тек е скрининг на процесот и се надевам дека ќе преовлада позитивната енергија кај сите кои се на состановите на тој скрининг. – вели Костадиновска Стојчева.
Костадиновска Стојчева истакна дека владата е насочена кон исполнување на критериумите за членство во Унијата. Во однос на балансерот, смета дека при вработувањето треба да биде пресуден квалитетот. СДСМ не го продолжува трендот на опозицијата, вработување по партиски клуч. Во врска со културните институции за кои постои опасност да стават клуч на врата, вели дека се соочени со енромно зголемување на сметките за струја.
- Ова откочување на работата на овие три институции се направи со внатрешна прераспределба на буџетот на министерството на кулутура за да може да се покријат сметките за струја и други долгови за да може непречено да ја извршуваат работата. Тоа не значи дека не не очекува тешка зима и затоа наредниот период ќе направиме средби со директорите на институциите и со ресорните министерства да да најдеме начин како културата да не претрпи во своето функционирање и да се работи на поекономичен начин. – вели Костадиновска Стојчева.
Костадиновска Стојчева вели дека ставањето клуч на врата е последната опција и се надева дека до тоа нема да дојде. Вели дека ребалансот доживеал кратење во културата и тој ребаланс беше два месеци во Собранието, зошто опозицијаста не закажуваше седници и тој законски рок за носење на ребалансот не беше запазен.