„Во Бигорски не живеат само монаси, темпото на монасите е срцебиењето на манастирот. Монасите стануваат во 4.30 часот наутро. Службата на никого не смее да му стане напор. Бигорски е како еден град на планината. Проповедувањето е многу битно, `старецот` многу монаси има спасено. Кога човекот ќе се наполни со смирение, има услови да даде на илјадници околу него“ – вели меѓудругото режисерот Илија Ико Каров во најновото издание на Трилинг.
Каров е режисерот на документарниот филм „1.000 години – Сведок на светлината“ за Бигорскиот манастир, филм кој се снимал 5 години.
„Вистината во православието е многу гласна“ вели Каров.