Најмалку шест лица загинаа, а неколку се повредени во израелски воздушен напад врз иранскиот конзулат во Дамаск, јавија сириските државни медиуми, повикувајќи се на Ројтерс. Иранскиот амбасадор во Сирија вели дека одговорот на Техеран ќе биде остар.
Иранскиот конзулат во главниот град на Сирија, Дамаск е срамнет со земја. Вака сириските и иранските медиуми го опишуваат израелскиот воздушен напад – што претставува ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, според Ројтерс.
Либански безбедносен извор изјави за британската агенција дека една од жртвите е Мохамад Реза Захеди, висок командант на иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ).
Иранската државна телевизија соопшти дека се убиени неколку ирански дипломати.
Иранскиот министер за надворешни работи Амирабдолахиан изјави дека израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск е „кршење на сите меѓународни конвенции“ и дека Техеран го смета Израел за одговорен за последиците од нападот, јавуваат државните медиуми.
Новинарите на Ројтерс на местото на настанот во квартот Мезе во сириската престолнина забележале како чад се издига од урнатините на урнатата зграда и амбулантни возила паркирани надвор.
Иранско знаме висело на столб пред урнатините. На лице место биле видени и министрите за надворешни работи на Сирија и Иран.
Израел, кој постојано напаѓаше ирански цели за време на шестмесечната војна во Газа, одби да го коментира инцидентот, следејќи ја својата вообичаена практика.
„Не ги коментираме извештаите на странските медиуми“, изјави портпаролот на израелската армија.
Иранската новинска агенција Тасним објави дека во израелскиот напад загинале пет лица. Сириската државна новинска агенција САНА објави неодреден број загинати и повредени.
По нападот на 7 октомври врз Израел од страна на палестинската фракција Хамас, поддржана од Иран, Израел ги засили воздушните напади во Сирија против либанската милиција Хезболах поддржана од Иран и иранската гарда, и двете ја поддржуваат владата на претседателот Башар ал Асад.