Израелскиот парламент донесе закон со кој се олеснува затворање на странски медиуми

Израелскиот парламент денеска го одобри законот кој дозволува да се затворат радиодифузерите од странство доколку се смета дека претставуваат ризик за државната безбедност, соопшти Кнесетот.

Законот беше усвоен во понеделникот со 70 гласа „за“ и 10 „против на второто и третото читање.

Според законот, министерот за комуникации Шломо Кархи може да нареди затворање на телевизиски радиодифузер, конфискација на опремата за емитување, отстранување на радиодифузерот од програмите на провајдерите на кабловска и сателитска телевизија и блокирање на неговата веб-страница, објави информативниот портал ynet, пренесува ДПА.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху претходно го повика Кнесетот да го усвои нацрт-законот и вети дека „ќе дејствува веднаш за да се затвори Ал Џезира“.