Изложба на Сергеј Андреевски – „Хартии“
Во фоајето на Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје, денеска ќе биде отворена изложбата „Хартии“ од македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски.
Изложбата е ретроспектива на истражувањата на авторот врз различни видови хартија со различни материјали во изминативе 35 години.
Публиката ќе може да види дела од различни фази и тематски циклуси, почнувајќи од дела создадени уште во раните студентски денови (од 1983 г.) па сѐ до последните патувања на Сергеј низ светот.
Најголемиот дел од сликите, цртежите и скиците се претставени на неколку континенти, но никогаш досега не биле изложени пред македонската јавност. Куратор на изложбата што ќе биде отворена до 12 јуни е д-р Кирил Пенушлиски.
Проектот е поддржан од Mинистерството за култура и од Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје.