Излезноста до 11 часот на изборите за претседател на Македонија изнесува 12,78%

Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, 95.116 избирачи се на привремена работа или престој во странство, а 2.147 се на издржување казна затвор или се во притвор.

Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори.

Се гласа на 3.480 избирачки места во земјава, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.814.317 граѓани.

Излезноста на првиот круг од претседателските избори, до 11:00 часот, по обработени 99% од податоците, изнесува околу 12,78%

Според податоците објавени на интернет страната на ДИК, поголема излезност се бележи во Демир Капија (24%) и Градско (20%), а помала во Боговиње (5%) и Маврово Ростуша (4,5%).