„Моите ресурси кои ги имам стекнато како новинар, анализа, менторирање, пишување, сега ги користам во друга форма, како тренер за личен развој, нова професија која со радост ја работам. Живееме во еден свет на неизвесност, но тие интензивни промени што ги носи 21. век како технолошка револуција не се случиле со претходните револуции. Тоа бара од луѓето, државите, компаниите сите да се во движење, така да функционираме, да се навикнеме. И светот се прилагодува во моментов, и светот е затекнат од тие интензивни промени. Лидерот треба да биде визионер, но треба да има капацитет да слуша. Тој треба да може да работи со луѓе, и да го извлече најдоброто од човечкиот потенцијал“ – вели Ида Протуѓер – тренер за личен развој и поранешна новинарка во најновото издание на Трилинг.
Протуѓер смета дека „македонските лидери баш и немаат слух. Се се гледа од партиски цели и недостасува квалитетно лидерство“.