„Златна палма“ во Кан – борба меѓу 21 филм!
Француски Кан од утре традиционално ќе е домаќин на 75. Меѓународен филмски фестивал, а за „Златна палма“ годинава се борат 21 филм.
Првпат од почетокот на епидемијата од коронавирусот нема да има здравствени ограничувања на фестивалот.
Том Круз ќе ја претстави новата верзија на „Топ Ган“ – „Топ Ган Маверик“, прикажана на 18. мај.
Актерот Форест Витакер, познат по улогата на славниот џез музичар Чарли Паркер во филмот „Птица“ на Клинт Иствуд, ќе добие почесна „Златна палма“.
Фестивалот ќе биде одржан во светло на војната во Украина. Организаторите за првпат ќе бидат домаќини на рускиот режисер Кирил Серебреников, чиј филм е во конкуренција.
Покрај „Златна палма“ од 2000. година се доделува и „мини-палма“ за најдобри актер и актерка, како и награда во делот „Одреден поглед“.