„Следните 24 часа ќе бидат клучни за Украина во борбата против руската инвазија“ изјави претседателот на Украина – Володимир Зеленски во телефонски разговор со британскиот премиер Борис Џонсон, јави украинската државна агенција „Укринформ“.
„Претседателот Зеленски изјави дека верува оти следните 24 часа се клучниот период за Украина“ – се наведува во извештајот.
Британскиот премиер кажал дека ќе стори се што може за да помогне да се обезбеди одбранбената помош од Обединетото кралство и сојузниците да стигне до Украина.
„Укринформ“ јавува дека Зеленски, Џонсон и полскиот претседател Анджеј Дуда синоќа разговарале за актуелната безбедносна ситуација и се договориле за натамошни заеднички чекори за спротивставување на агресорот.