Володимир Зеленски – претседателот на Украина денеска на седмиот ден од руската инвазија врз неговата земја изјави дека досега се убиени речиси 6.000 Руси и дека Кремљ нема да може да ја преземе неговата земја со бомби и воздушни напади.
Зеленски се осврна на вчерашниот напад врз Бабин Јар – местото на масакрот на Евреите од Втората светска војна од страна на германските окупаторски трупи и украинските помошници. Зеленски рече дека „овој удар докажува дека за многу луѓе во Русија нашиот Киев е апсолутно туѓ“.
„Тие не знаат ништо за Киев, за нашата историја. Но, сите имаат наредба да ја избришат нашата историја, да ја избришат нашата земја, да не избришат сите нас“ додаде украинскиот претседател.