Претседателот на Украина – Володимир Зеленски на граѓаните на Белорусија им порача дека Москва ги вовлекува во војна со Украина.
„Би сакал денеска да им се обратам особено на граѓаните на Белорусија. Луѓето – и цивилите и оние во униформи – се вовлечени во војната. И уште поактивно отколку што беше во февруари и пролетните месеци. Кремљ веќе одлучи сè за вас – вашите животи не вредат ништо за нив. Но, вие не сте робови или топовско месо. Не мора да умрете“ – рече Зеленски.