Зеленски: Војната со Русија нема да заврши додека не се ослободи Крим

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи црноморскиот полуостров Крим, кој Москва го анектираше.

„Крим е украински и никогаш нема да се откажеме од него. Црноморскиот регион не може да биде безбеден се додека Крим е окупиран. Нема да има стабилен и траен мир во многу земји на брегот на Средоземното Море се додека Русија може да го користи нашиот полуостров како своја воена база. Оваа руска војна против Украина и против цела слободна Европа започна со Крим и мора да заврши со Крим – со негово ослободување“ – рече Зеленски.