Володомир Зеленски – претседателот на Украина денеска го повика рускиот претседател Путин на разговори, истакнувајќи оти тоа е „единствен начин да се запре оваа војна“.
„Ние не ја напаѓаме Русија и не планираме да ја нападнеме. Што сакате од нас? Напуштете ја нашата земја“ рече Зеленски.
Тој од западните земји побара да ја зголемат воената помош за Украина.
„Ако немате моќ да го затворите небото, тогаш дадете ни авиони“ посочи Зеленски.
Предупреди дека „Ако падне Украина, следни би можеле да бидат Летонија, Литванија, Естонија“.