Згасна млад живот на „Партизанска“ во Скопје, прегазена 25-годишна девојка од Радовиш

Дваесет и петгодишна радовишанка вечерва го загуби животот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, во близина на трговскиот центар Сити мол.

Како што информираа од МВР, „во несреќата патничко возило управувано од Ј.Ѓ. (1999) од Скопје, удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември“ и В.Н. (1997) од Радовиш, која почанала на местото“.

Полицијата вечерва вршеше увид на местото на несреќата, а за утре најавија повеќе детали за настанот.

Неофицијално, 25-годишниот радовишанец со повреди бил пренесен во болницата „8. Септември“. Не е позната неговата здравствена состојба.