За 2 дена откриени над 25.000 позитивни случаи кај ученици и просветни работници во Грција
Селф тестовите (тестови за домашна употреба) кои се задолжителни за ученици и просветни работници во Грција за два дена открија над 25.000 позитивни случаи.
Вчера започна второто полугодие во Грција, а учениците и просветните работници, без разлика дали се вакцинирани или не, добија бесплатни селф тестови, од кои едниот го користеле вчера, во пресрет на првиот ден, а вториот денеска.
Од околу 1,6 милиони тестирани лица вчера, потврдени се 15.547 позитивни резултати од селф тестовите, додека денеска имало 9.688 позитивни на Ковид 19.
Учениците и просветните работници задолжително ќе се тестираат двапати седмично, со бесплатните селф тестови.