Соседна Грција со негативни рекорди – за само 24 часа од Ковид-19 починаа 130 лица, што е најголем број на починати на дневна основа од почетокот на пандемијата.
Бројот на новозаразени е 5.736 позитивни случаи, а околу 700 пациенти се приклучени на апарати во грчките болници, од кои над 81% се невакцинирани или делумно вакцинирани.
Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 1.012.659 случаи на Ковид-19, а починаа безмалку 20.000 лица.
Од денеска во земјата започнува вакцинацијата и на децата од 5 до 11 години.