Поддржувачите на екс-претседателот на САД – Доналд Трамп можат да закажат вечера со него и тоа за суми кои достигнуваат и до 250.000 долари. Донираните пари ќе бидат вложени во неговата кандидатура за претседателските избори, пишува „Гардијан“.
Акцијата за собирање пари, наречена „Форум на кандидати за враќање на Конгресот“, е закажана за 23. февруари, пишува весникот. Има покана до сите заинтересирани.
„Иако на настанот ќе присуствуваат републикански кандидати за Конгресот, собраните пари ќе бидат искористени исклучиво за супер ПАЦ на Трамп“ – пишува „Гардијан“.
За 250.000 долари (125.000 по лице), двојките можат да закажат приватна вечера со Трамп, да се фотографираат со него и да останат две ноќевања на неговиот имот на Флорида.
За 100.000 долари тие добиваат фотосесија со Трамп, но ќе вечераат со поддржани кандидати за Конгресот, а не со екс-претседателот.