Зачинет шпански колбас претставен како далечна ѕвезда снимена со телескоп
Француски научник Етјен Клајн се извини откако твитна фотографија од парче колбас чоризо, тврдејќи дека се работи за далечна ѕвезда снимена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб.
Клајн сподели фотографија од зачинетиот шпански колбас на Твитер, истакнувајќи ја количината на детали што ги нуди фотографијата.
Photo de Proxima du Centaure, l’étoile la plus proche du Soleil, située à 4,2 année-lumière de nous.
Elle a été prise par le JWST.
Ce niveau de détails… Un nouveau monde se dévoile jour après jour. pic.twitter.com/88UBbHDQ7Z— Etienne KLEIN (@EtienneKlein) July 31, 2022
„Фотографијата на Проксима Кентаури, најблиската ѕвезда до Сонцето, која се наоѓа на 4,2 светлосни години од нас. Фотографијата е направена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Ова ниво на детали. Секој ден се открива нов свет” – порача физичарот на Твитер.
Илјадници корисници го споделија овој твит и ја коментираа објавата, земајќи го за збор истакнатиот научник. Подоцна тој призна дека фотографијата всушност била крупен кадар на парче колбас chorizo на црна позадина.
„Па, кога е час за коктел, когнитивната пристрасност има многу за уживање… Бидете свесни за тоа. Според модерната космологија, ниту еден предмет поврзан со шпанскиот деликатес не постои никаде на друго место освен на Земјата“ – напиша Клајн.
Откако се соочи со реакции од заедницата на Твитер, тој мораше да објасни дека тоа е шега.
„Да научиме да бидеме внимателни со аргументите кои доаѓаат од позиција на моќ, како и со спонтаната елоквентност на одредени слики“, рече Клајн.