Шинѕо Абе – поранешниот премиер на Јапонија е застрелан додека држел говор за време на предизборна кампања во градот Нара.
Врз Абе се истрелани два куршума, а вториот го погодил во грбот. Бил префрлен во болница, но не покажувал знаци на живот. Информациите од Јапонија се дека 67-годишникот се бори за живот.
Напаѓачот е идентификуван и уапсен. Тој е опишан како 41-годишен поранешен припадник на јапонските поморски одбранбени сили.
Абе беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година. Потоа се повлече од функцијата поради здравствени проблеми.