Замрзнати цените на тоалетната хартија, пелените, влошките и влажните марамчиња

За 13 отсто пониски цени од оние кои беа на рафтовите минатиот понеделник, 20 март, ќе се продаваат тоалетната хартија, влажните марамчиња, влошките и пелените за деца и возрасни. Владата на денешната седнива а на предлог на министерството за економија донесе одлука со која се замрзнуваат цените на дел од хигиенските производи.

„Денеска Владата по предлог на министерството за економија однесе одлука во делот на замрзнување на цените на одредени хигиенски производи. Станува збор за тоалетна хартија, влажни марамчиња, хигиенски влошки и пелени за деца и возрасни чие намалувањето ќе биде 13 отсто од цените кои беа во трговија на мало на 20 март“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој апелираше до Собранието и Комисијата за финансирање и буџет да свикаат седница и да ги усвојат законските измени.

„ДДВ-то го напоменувам бидејќи за жал во Собраниска процедура од декември минатата година имаме законско решение за овие производи да се решат систематски и долгорочно со намалување на ДДВ-то од 18 на 5 отсто а до ден денеска не е свикана комисијата за финансирање и буџето за да се усвои тоа законско решение. Владата е подготвена да се откаже од ДДВ-то за овие производи“, појасни Бектеши.

Бектеши е дециден дека нагло поскапувањена продуктите чии цени сега се замрзнати нема да има откако мерките ќе истечат а како заштоитен механизам наведе дека тие може да се продолжат и по 31 мај.

„Ги повикав сите поризводители и увозници, да се подготват дека мерките може да продолжат после 31 мај и затоа нема ризик.Сите производители и трговци може да направат калкулации согласно посточеките цени на суровините и параметрите, сите во моментов се со маржа на профит и со овие цени кои ги донесе Владата и затоа нека направат среднорочни и долгорочни проекции“, порача Бектеши.

Замрзнување на цените ќе има и кај овошјето и зеленчукот а точно за кои продукти станува збор Владата ќе пресече најдоцна до недела.