Заев со поддршка за Ковачевски и Пендаровски

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев преку видео обраќање даде поддршка на актуелниот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски и на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски

Заев потсети на резултатите што тој како премиер ги постигнал.

„Пред седум години донесовме слобода. Ја спасивме заробената Македонија од канџите на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Успеавме да ги обновиме и нормализираме односите со сите наши соседи. Станавме членка на НАТО со што долгогодишниот македонски сон стана јаве. По цели 11 години повторно ја вративме Северна Македонија на европскиот пат. Меѓуетничките односи ги направивме да бидат пример во регионот и пошироко. Со политиките на пријателство ја добивме и афтокефалноста на МПЦ.
По сите основи, од целиот свет , го добивме признавањето на македонскиот јазик и македонскиот народ“ вели Заев, додавајќи дека горд на Ковачевски и раководството на СДСМ покажале храброст и лидерство и носеле тешки одлуки за да продолжи европската интеграција.

„Мојот СДСМ, носителите и кандидатите на листите за пратеници, а секако и Претседателот Пендаровски ја заслужуваат сета моја, но и сета Ваша поддршка. Бројот 1 е секогаш пред сите, како што е ЕДЕН и единствен нашиот завет за татковината. На 8ми мај откажување нема – гласаме сите за европска иднина!“ вели Заев во видеото.