Задолжителни ковид-потврди за вработени во јавни и државни установи во Хрватска

Од денеска за влез на работа во јавна или државна установа во Хрватска задолжително е поседување на сертификат за Ковид кој докажува дека некој е вакциниран, дека прележал Ковид-19 или е негативен.

Овој дигитален сертификат на ЕУ ќе треба да го презентираат сите вработени во јавниот и државниот сектор, како и оние во локалните власти, а за оние кои не биле вакцинирани или прележале Ковид, се воведува мерка задолжително тестирање за коронавирус.

Сертификациите за Ковид се воведуваат и во училиштата, но само кај вработените.

Новата мерка во борбата против пандемијата на коронавирус ги критикуваа од опозицијата. Оттаму оценија дека се врши поделба на граѓани од прв и втор ред.