Жидас Даскаловски: Политичката агонија ќе се продлабочи

Анализа на проф. Жидас Даскаловски - Центар за истражување и креирање политики

Честитки за Гаши и Заев за новосоздаденото мнозинство и „стабилна“ влада. И двајцата од своја перспектива избраа краткорочни добивки, што не е невобичаено во политиката. Тоа што Македонија веројатно дополнително ќе изгуби со продолжувањето на агонијата од некомпетентно владеење и корупција е друго прашање.

Нивниот договор во врска со „меѓународните експерти што ќе бидат побарани од Европската комисија за истрага на судски случаи“ кои како што рече премиерот „нема да ги поништуваат донесените пресуди, туку ќе дадат свои мислења кај нашите институции“ отвора грст прашања за јавноста:

ДАЛИ СУДСТВОТО Е ОСЛОБОДЕНО ОД СПРЕГИТЕ НА ПОЛИТИКИТЕ?

  1. Дали „реформската“ Влада предводена од СДСМ и покрај сите напори не успеа да ја подобри работата во судството и нивните одлуки ги проблематизира. Дали судството е ослободено од спрегите на политиката?
  2. Дали владата предводена од СДСМ од 2017 година до денес правилно го спроведе концептот „едно општество за сите?” Зошто барањата на Алтернатива се однесуваат на осудени етнички Албанци, за кои тие сметаат дека судот донел погрешни пресуди заради нивната припадност.
  3. Постојаното инсистирање на меѓународна експертиза е знак дека Владата се откажува од сувереноста. Без сувереност на своите институции се вообичаено проблематично држави кои во даден момент и не мора да суштествуваат во независна форма. Друго е кога сувереноста ја префрлате на транснационални сојузи, унии каде сте земја членка, друго е кога заради сомнеж во работата на сопствените институции викате меѓународни експерти.
  4. Владата освен замислен успех во меѓународната политика има само порази и катастрофални политики. Во иднина можно е да се држи наративот на „реформите се направени, храброста е видлива, договорот со Грција е постигнат, имаме странска поддршка, но напредокот ни е загрозен од нерационалните барања на Бугарија, а опозицијата опструира е про-руска и националистичка“ па сите катастрофи што би престоеле во еконимијата, енергетиката, евроинтеграциите да бидат рационализирани, или…..

ОГРОМЕН БРОЈ ГРАЃАНИ ВЛАСТА ЈА ЧУВСТВУВААТ НЕ САМО КАКО НЕСПОСОБНА И НЕДОВЕТНА, ТУКУ И КАКО ТУЃА

Владата на Заев да ги прифати позициите на Бугарија и тие да се вметнат во преговарачката рамка, а истите позиции да се релативизираат или да се оправдуваат со блескавата иднина.

Во секој случај огромен број на граѓани, без разлика на национална, религиозна или партиска припадност власта ја чувствуваат не само како неспособна и недоветна, туку и како туѓа и опстојувањето на владината коалиција до 2024 година ќе биде огромно изненадување.

Од т.н. „заробена држава“ во времето на Груевски, сега имаме „унапредена и надградена, поробена држава“.