„Не се цени здравјето, не се ценат финансиите. Целата процедура за посвојување, на 3,5 месеци го добивме девојчето, по 9-10 месеци правни процедури влеговме во групата посвоители. Девојчето го земавме од Битола, еден од највозбудливите моменти од мојот живот беше тоа“ – вели Радмила Живановиќ, психолог-психотерапевт во најновото издание на Трилинг. Живановиќ раскажа како изгледа процесот на посвојување, од административна до психолошка смисла.
Таа рече дека „бевме очајни, на работ на нервите. И првиот и вториот пат, како што со биолошките деца се случуваат судбински работи, така и со посвоените деца има судбински работи. Сите наши роднини беа пресреќни, јас и сопругот сме дечари, на сите им олекна кога решивме да посвоиме дечиња“.
Живановиќ раскажувајќи ја дел од својата животна приказна рече дека мажите се многу посвесни, потрезвени по некои прашања и полесно ги прифаќаат некои работи.
„Синчето ни дојде во многу тежок период во семејството, тој дојде како ѕвезда, прилагодувањето не беше лесно, но сите си дадовме простор. Требаше период на адаптација. Не е љубов на прв, но е љубов на втор поглед. Љубомора меѓу децата се појави, но тоа е нормално“ вели Живановиќ.
Психологот „Живановиќ“ многу и помага на мајката „Радмила“, вели таа!