Ердоган: Зелено светло за влез на Финска во НАТО, не и за Шведска

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција позитивно гледа на барањето на Финска за членство во НАТО, но не и на барањето на Шведска.

„Шведска не треба ни да се обидува ништо во овој момент. Ние нема да го поддржиме нивното барање за влез во НАТО се додека тие дозволуваат палење на Куранот“, рече Ердоган, пренесе Ројтерс.

На 26 јануари тој предложи неговата земја да се согласи со влезот на Финска во НАТО пред Шведска.